Поучна приказна: Задоцнет одговор

Во древна Индија се обрнувало големо внимание на ведските ритуали кои биле применувани со таква точност така што кога светците би се молеле за дожд, сушата веднаш би престанала. Живеел така еден човек кој се молел според овие ритуали, молејќи ги боговите да го направат богат.

Тој се молел цели десет години без никаков ефект, а веднаш потоа станал свесен дека богатството е нешто минливо и неважно, па потоа се повлекол на падините на Хималаите и станал бездомник.

Еден ден, задлабочен во медитацијата ги отворил очите и пред себе догледал  жена со неверојатна убавина, која блескала како да од злато.

 - Која си ти и што правиш овде? – ја прашал

 - Јас сум божицата Лакшми, на која и се молеше цели десет години. Дојдов да ја исполнам твојата желба.

 - Ах добра  моја божице! – извикал човекот. Во меѓувреме ја запознав медитацијата и изгубив секаква желба за богатство. Предоцна стигна. Кажи ми, зошто доцниш толку?

 - Да бидам искрена, со ритуалите кои ги извршуваше така ревносно и посветено, во потполност го заслужи своето богатство, но не ти ги ислушав молбите поради љубовта и желбата да го направам тоа што е најдобро за тебе – рекла таа.

- Ако би можел да бираш, што би одбрал, да ти биде исполнета желбата или да ти биде укажана милоста да не го изгубиш душевниот мир?

Што мислите вие? Каков би бил вашиот одговор?