Поучна приказна за вредноста на пријателствата

Млада жена која само што стабила во брак, во текот на еден топол летен ден дошла во посета на својата мајка. Седнала во фотелјата пиејќи зелен чај, зборувајќи со својата мајка за животот, за бракот и за одговорностите и обврските во бракот.

Мајката замислено погледнала во коцките мраз во чашата, а потоа гледајќи ја својата ќерка и рекла:

Немој да ги заборавиш своите пријателки. Тие ќе ти бидат се поважни како што ќе старееш во животот. Без оглед на тоа колку го сакааш својот сопруг, колку и да ги сакаш своите деца, пријателките ќе ти бидат секогаш потребни. Не заборавај од време на време да излезеш со нив и понатаму да се дружиш со нив. И, запамти...тие не се само твои пријателки, туку и твои сестри. Другите жени ти се потребни. Жените секогаш им се потребни на другите жени.

Каков чуден совет, помислила девојката. 

Зарем не се омажив сега? Зарем не зачекорив во еден друг свет. Во име на Бога, мамо...јас сум сега мажена жена, порасната жена. Не сум мало девојче кому му требаат другарки. Мојот маж и моето семејство се тоа што ми е потребно за да имам смисла во мојот живот.

Но, сепак го послушала советот на својата мајка и продолжила да остварува контакти со своите пријателки. Како што минувале годините, таа полека почнала да увидува како и својата мајка, точно знаејќи што мислела таа кога и зборувала. 

По 40 години од својот живот, еве што научила оваа жена.

Времето минува.

Животот се случува.

Растојанието ги одалечува луѓето.

Децата растат.

Љубовта избледнува.

Срцата се кршат.

Работите доаѓаат и си одат.

Кариерите завршуваат.

Родителите умираат.

Колегите забораваат на нашите услуги.

Мажите имаат свој свет.

Но, пријателките остануваат покрај тебе. Без оглед на километрите и без оглед на времето.

Додека мораш да минуваш низ својот живот и кога мораш да одиш сама и да се соочиш со сите нешта, пријателките се тие кои ќе бидат покрај тебе, навивајќи за тебе, молејќи се за тебе, трудејќи се околу тебе и чекајќи те на крајот на патот со раширени раце.