Поучна приказна за среќата

Еднаш постоела една верверичка, која живеела во градксиот парк. Во тој парк немало многу животни, но затоа пак многу луѓе доаѓале во паркот. Верверичката била дружељубива и секој кој го запознавала станувал нејзин пријател. За пријатели имала дури и луѓе и кучиња, што не е е својствено за вервериците.

Едно утро таа поглднала замислен старец кој седи на една од клупите. Таа скокнала на клупата и седнала покрај него, но старецот воопшто не ја приметил. Затоа таа уште малку му се приближила. Старецот само кратко ја погледнал, а потоа се вратил во својата замисленост.

Верверицата добро ги познавала луѓето. Понекогаш тие биле среќни и весели, понекогаш замислени и тажни, па дури и нервозни. Какви и да биле, тие си оделе од паркот ведри и опуштени, што ја правело верверицата многу среќна. Таа била пресреќна што живеела во најубавото место под сонцето, каде успевала да ги расположи минувачите.

Таа забележала дека човекот бил во огромна тага. Си велела дека ако не преземе ништо, тој ќе си замине од паркот потажен. Затоа скокнала на неговата нога.

Старецот ја погледнал, се обидел да се насмее, но не успеал. Таа му рекла да ги соблече чевлите, а тој ја послушал. Му рекла да тргне со неа, и за тоа ја послушал. Бил бос, и ја следел верверичката некое време. Исто така, забележал дека тие прават круг и цело време одат по ист пат и дека се враќаат на исто место. Затоа и ја прашал верверичката: Цело време ме водиш по истиот пат. Зошто? Постојат многу различни патеки во паркот.

Верверичката се насмеала. Низ животот, како и низ паркот може да се минува на различни начини. Дали ти си подготвен за нова патека?

На старецот му станало јасно што сакала да каже. Тој веќе подолго време имал исти мисли, размислувал за својата тага и одел по истиот пат. Не бил подотвен за промена.

Потоа тој ги земал своите чевли, ја прегрнал верверичката и си заминал. По нов пат.