Поучна приказна за пропуштените шанси во животот

Еден човек во болница бил на смртна постела. Тоа биле неговите последни часови од животот. Во еден момент тој ги отворил очите и успеал да види неколку шанси од неговиот живот кои се собрале околу неговиот кревет. Веднаш успеал да ги препознае.

Затворајќи ги своите очи и мачејќи се ги прашал:

  • Пријатели, кои сте вие?

Една од шансите рекла:  

  • Ние сме твоите занемарени соништа, заборавени желби и неостварени визии. Ние сме сето она што мораше да го направиш во животот, но пропушти да го направиш.

Тешко дишејќи и обидувајќи се да размисли, тој ги отворил очите гледајќи во нив.

  • Жал ми е поради тоа, рекол старецот. Но, сепак ценам што и покрај мојата немарност и лош однос кон вас дојдовте да се збогувате со мене и да ми простите на крајот на мојот живот.

Но, една од нив, потпирајќи се на него, со мирен глас му одговорила:

  • Не, ние не дојдовме да се збогуваме со тебе. Ние дојдовме да умреме со тебе.