Поучна приказна: Во другите го гледаш само својот одраз и ништо повеќе!

Луѓето често се први да ги коментираат другите луѓе. Овој свет е полн со озборување, раскажување приказни и луѓето постојано зборуваат за другите позади нивниот грб.

Оваа кратка приказна на Бруно Ферер покажува дека тоа што го зборуваме и размислуваме сведочи за тоа какви сме ние како личност.

Еден селанец во предвечерието седел на прагот од својот дом и уживал во свежиот ветер. Патот којшто водел до градот се наоѓал покрај неговата куќа. Некој случаен минувач проаѓал, го згогледал селанецот и помислил: „Ова сигурно е некој мрзливец. Ништо не работи и по цел ден седи на прагот.“

Малку подоцна прошол некој друг човек и помислил: „Овој селанец е прав дон Жуан. По цел ден седи, ги гледа девојките кои поминуваат и ги закача.“

И на крај, прошол еден шумарски работник и помислил: „Овој човек е навистина вреден работник. Се трудел цел ден и сега заслужено се одмара.“

За селанецот кој седел на прагот на својот дом, навистина немаме подробни сознанија. Меѓутоа, според тоа што размислувале, можеме многу да заклучиме за тројцата луѓе кои проаѓале: првиот бил мрзлив човек, другиот бил похотен човек, а третиот бил вреден работник.