Поучна приказна: Огледалцето и смислата на животот...

Кога професорот завршил со предавање, прашал: „Има ли прашања?“

Еден студент прашал: „Професоре која е смислата на животот?“

Некои од студентите кои веќе излегувале од амфитеатарот, подбивно се насмеале на прашањето на колегата и продолжиле по својот пат.

Затекнат, професорот долго време гледал во студентот прашувајќи се дали прашањето е сериозно или онака на шега. Сепак забележал дека студентот е сериозен па му рекол: „Сега ќе ви кажам.“ Го извадил паричникот и од него извадил едно многу мало парченце огледало. Тогаш почнал да зборува:

„Бев дете за време на војната. Еден ден на улица здогледав ситни парченца огледало. Бидејќи немав играчки, земав едно од тие парченца скршено огледало. Наскоро сфатив дека преку огледалцето можеш да ја насочиш сончевата светлина и на места каде инаку не допира светлина.

Кога пораснав, сфатив дека тоа не било само игра, туку и метафора за животот.

Затоа што и јас сум дел од некое огледалце кое не го познавам во целост.

Но, со оној дел кој го познавам можам да споделам малку светлина, вистина, разбирање, добрина и нежности и да ги внесам овие работи во туѓите срца и со тоа можеби ќе променам нешто. Ако тоа го забележат и другите работи, можеби ќе се потрудат да го направат истото: да внесат светлина онаму каде ја нема.

Ете, за мене тоа е смислата на животот и поради тоа сѐ уште го чувам тоа парченце огледало, затоа што преку играта со него, ми го покажа патот.

Успехот во твојот живот не зависи од тоа дали ќе добиеш добри карти, туку од тоа дали знаеш да одиграш добро и со слаби карти.