Поучна приказна: Ништо не е невозможно за оние кои веруваат

Бил обичен студен ден. Двајца млади пријатели се лизгале на едно смрзнато езеро. Тие без страв уживале во лизгањето. Но, мразот одеднаш се скршил и еден од нив пропаднал во водата, под мразот. Водата не била длабока, но мразот почнал да се стега.

Другото момче истрчало барајќи помош, наоѓајќи само еден камен и враќајќи се назад до својот пријател. Со сета своја сила го скршило мразот и го фатило за рака својот пријател, вадејќи го од водата.

Кога стигнала помош, тие зачудено прашале: Како успеа да го направиш ова? Како со тој камен и со своите слаби раце успеа да му помогнеш на својот пријател?

Во тој момент, се појавил еден старец кој рекол дека го знае одговорот.  Тие повторно прашале како.

Старецот одговорил: Бидејќи никој не му кажал дека тоа е невозможно.

Сѐ е можно за оние кои веруваат.