Поучна приказна: Највисоката цена...

Некој трговец со скапоцени камења седел на маса и низ својата отмена продавница ги набљудувал минувачите. Некое девојче дошло до продавницата и се залепила со носот за излогот. Нејзините небесно сини очи радосно засветкале кога погледнала во еден од изложените предмети.

Одлучно влегла и со прстот покажала на ланчето со тиркизна боја. Потоа рекла:
„Ова е за мојата сестра. Можете ли да ми го запакувате како за подарок?“
Трговецот со неверување рекол: „Колку пари имаш?“
Таа се подигнала на прсти, на масата ставила лимена кутија, ја отворила и ја испразнила. Внатре имало неколку банкноти, малку монети, неколку школки и фигури. „Ќе биде ли ова доволно? Сакав да и купам подарок на постарата сестра. Откако немаме мајка, таа ги работи сите работи и нема време за себе. Денес и е роденден. Уверена сум дека многу ќе ја израдува подарокот. Нејзините очи се исти како бојата на каменот од ланчето.“

Трговецот отишол во задната просторија и ја спакувал кутијата и внимателно и рекол: „Земи и носи го внимателно.“
Таа го земала пакетот како победнички пехар и гордо излегла од продавницата.

По еден час, внатре влегла една прекрасна девојка со медова коса и прекрасни очи. На масата ја ставила кутијата која трговецот внимателно ја спакува и запрашала: „Ова ланче е купено во вашата продавница?“
- „Да, госпоѓице.“
- „Колку чинеше?“
- „Во мојата продавница цените се работа на доверба и тоа е договор помеѓу мене и купувачот.“
- „Мојата сестра имаше нешто ситно, сигурно не можела да купи вакво скапоцено ланче!“

Трговецот ја затворил кутијата и и’ ја пратил на девојката: „Вашата сестра ја плати највисоката цена.... Таа даде се што имаше.“

Со оваа приказна во мир завршете го овој ден!