Поучна приказна: Млад брачен пар во продавница за играчки

Млад брачен пар влегол во најубава продавница за играчки во градот.

Мажот и жената долго ги разгледувале прекрасните играчки на полиците.

Тие виделе се: од играчки кои плачат и се смејат, до електронски игри и минијатурни кујни.

Тие никако не можеле да се одлучат. Им пришла младата и елегантна продавачка и ги прашала дали може да им помогне.

Жената рекла: „Видете, ни имаме мало девојче, но и двајцата сме отсутни по дел ден, а често и навечер.“ Мажот се надоврзал на својата сопруга: „Станува збор за девојче кое ретко се смее.“

Жената продолжила: „Би сакале да и купиме нешто што ќе ја направи среќна. И тогаш кога ние не сме дома... Нешто што ќе ја радува кога ќе биде сама.“

Продавачката се насмевнала и рекла: „Жал ми е, но ние не продаваме родители!“.