Поучна приказна: Кој е универзалниот закон на среќата?

Група од 500 луѓе отишле на семинар за среќата и смислата на животот. Им било ветено дека на крајот од предавањето ќе им биде покажан најдобриот начин како секој од нив да ја најде својата среќа.

На сред предавање, инструкторот направил пауза. На секој учесник во групата му дал по еден идентичен балон и маркер. Замолил секој од нив да го напише своето име на балонот. Потоа ги собрал сите балони и ги ставил во друга просторија преполна со балони.

Инструкторот потоа им ја дал следната задача: Да влезат во таа просторија и секој во рок од 5 минути да се обиде да го пронајде својот балон. Сите во брзање почнале да бараат низ балоните, удирајќи се едни во други, бутајќи се, газејќи се. Настанал вистински хаос. По 5 минути никој не успеал да го пронајде својот балон. Сите биле уморни, задишани и разбушавени.

Потоа инструкторот го продолжил предавањето со следните зборови: „Ова секојдневно се случува во нашите животи. Секој занесено и во брзање ја бара својата среќа, не обзирајќи се на другите. Ние никогаш не знаеме каде точно лежи нашата среќа, па затоа се движиме наваму-натаму, буткајќи ги другите, стискајќи се.

Потрагата по среќата е смислата на нашите животи. Меѓутоа, таа е невозможна доколку секој себично трча по својата среќа независно од среќата на другите и често на штета на останатите. Нашата среќа, среќата на секој од нас лежи во среќата на другите луѓе. Со трчање наоколу и газење врз другите луѓе, нема да ја пронајдеме нашата среќа. Сите сме поврзани и зависиме едни од други.“

Ова е универзалниот закон на среќата: Пружете им среќа на луѓето и за возврат ќе ја добиете својата. Помагајте им на другите да ја пронајдат својата среќа и вашата сопствена среќа ќе го пронајде својот пат до вас.