Поучна индиска приказна за луѓето

Некогаш одамна сите луѓе биле богови, но кои така го злоупотребувале своето божество, така што врховниот бог Брама одлучил да им го одземе и да го сокрие таму кадешто никогаш нема да го најдат. Но, прашањето било каде. Затоа, Брама создал совет на богови од кои побарал да му помогнат да одлучи.

Ајде да го закопаме длабоко во земјата, рекле боговите. Но, Брама одговорил :  Не, тоа не одговара бидејќи луѓето ќе копаат во земјата и ќе го пронајдат.

Потоа, тие предложиле да биде потопено во најдлабокиот океан. Но, Брама не се сложил. Рекол дека ќе научат да нуркаат и дека ќе го најдат во океанот. 

А, да го однесеме на врвот на планината?  - прашале тие. Но, Брама одговорил дека со тек на време, тие ќе научат да се качуваат на планината и повторно ќе го заземат своето божество.

Потоа тие се откажале и рекле: Не знаеме каде да го скриеме, бидејќи ни на небото, ни на земјата, не постои место каде луѓето нема да стигнат. 

Потоа, тој долго размислувал и рекол: Еве што ќе направиме. Ќе го скриеме нивното божество во најдлабокиот дел на нивното сопствено битие, бидејќи таму никогаш нема да се сетат да го пронајдат. 

Боговите се зачудиле на ова, но се сложиле на неговиот предлог. Од то време, луѓето барале насекаде. Оделе на земјата, копале во неа, нуркале во океанот, се искачувале на планината. Но, никогаш не им текнало дека нивното божество е во самите нив.