Потврден 101 нов случај со Ковид 19, оздравени 10, починати четири пациенти

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај со Ковид-19 и тоа во: Скопје-59, Куманово-12, Штип-7, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-6, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-3, Кочани-3, Пробиштип-2. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 10 оздравени пациенти и четворица починати. Оздравените се од: Тетово-8 и Велес-2, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, како што се посочува, почина 84-годишен пациент од Прилеп, хоспитализирана на 17 мај. Во ГОБ „8 Септември“ починаа, пациент од Тетово (75 г.) примен на 24 мај, пациент од Куманово (71 г.), примен на 26 мај и пациент од Скопје (58 г.) примен на 30 мај.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 2.492, бројката на оздравени пациенти е 1.605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742. Последната дистрибуција по градови е следната:

•       Скопје 987, активни 396
•       Куманово 481, активни 66
•       Дебар 51,
•       Штип 111, активни 76
•       Прилеп 213, активни 30
•       Тетово 236, активни 82
•       Струга 90, активни 18
•       Велес 133, активни 28
•       Битола 28, активни 3
•       Охрид 24, активни 7
•       Кавадарци 6, активни 1
•       Гостивар 32, активни 11
•       Гевгелија 4,
•       Струмица 4, активни 2
•       Крива Паланка 6,
•       Радовиш 4,
•       Крушево 3,
•       Кочани 41, активни 10
•       Пробиштип 5, активни 3
•       Демир Хисар 1,
•       Македонски Брод 2,
•       Пехчево 3,
•       Берово 1,
•       Валандово 2, активни 1
•       Виница 3, активни 1
•       Делчево 1,
•       Кратово 3, активни 1
•       Свети Николе 2, активни 2
•       Кичево 3, активни 1
•       Неготино 12, активни 3 (*7 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 974 теста се преку: ИЈЗ –434, ЦЈЗ Скопје-40, Авицена –88, Биотек -129, Клиника „Жан Митрев“–101 , Систина со PCR метода -89 и МАНУ -93.  Досега во земјата се направени вкупно 32.161 тестирања на Ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје. Потврдени се два позитивни случаи во градинки во Штип.

Во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти, хоспитализирани се вкупно 49 пациенти. Од нив 22 се потешко болни и на кислородна поддршка.

До изутрината во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 34 пациенти. На респираторна машина се шест, a со потешка клиничка слика се шест пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани девет пациенти, а на домашно лекување се следи еден пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 16, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 26 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство.