Поттикнете ги децата да се ослободат од бесот

Малите деца често пати ги удираат браќата, сестрите и другарчињата, кога нема да им дадат некоја играчка или кога нешто не им е по волја.

Родителтие ваквите ситуации ги решаваат помалку или повеќе успешно, но проблемот се појавува кога и тие ќе станат цел на изразување на незадоволството.

Најдобар начин да одговорите на обидот на детето да ве удри е цврсто да му ја стегнете раката и да му кажете нешто во стилот: „Не смееш да ме удираш! Знам дека си лут, но не можеш да ме тепаш. Тоа боли!“.

Важно е ова да го изговорите со цврст тон, бидејќи го учите на правилата на однесувањето. 

Со ова му покажувате дека знаете како се чувствува и дека неговото незадоволство и бесот не се проблем, туку начинот на кој ги изразува. 

Во овие ситуации на детето треба јасно да му ставите до знаење, кое однесување е прифатливо, а кое не е. Дури потоа можете да го научите како да ги искаже своите чувства на вистински начин.