Потсетник до дечко ми: Ти секогаш ќе бидеш мое сѐ!

Знам дека понекогаш те оставам да се чудиш што мислам или што се случува. Периоди кога се плашам од зборовите кои излегуваат од мојата уста. Не дека се плашам дека ќе кажам нешто за кое ќе се каам или кое не го мислам, туку се плашам дека ќе ги видиш моите најранливи делови. Ти ја вадиш од мене мојата ранлива страна која никој ја нема видено. Оваа страна се топи и прави колената да ми се тресат само кога ќе те видам.

Знам дека не кажувам често колку ми значиш и што ми правиш, па во случај да не си знаел...

Луда сум по тебе. Секој дел од тебе комплетно ме полудува. Луда сум по секој дел од твоето тело и душа.

Би лажела кога би кажала дека би можела да живеам без тебе. Животот со тебе е толку пошарен и прекрасен. Повеќе не постои црно или бело, сега има цела палета на бои во животот. Животот со тебе има совршена смисла и живот без тебе повеќе не постои.

Ти го украде моето срце уште од првиот ден. Знаев дека ти си правиот уште од моментот кога нашите срца почнаа синхронизирано да бијат. Моето срце повеќе не го бара делчето кое му недостасува. Моето срце е полно, моето срце е целосно, моето срце е твое.

Јас сум целосно твоја. Од сега до вечноста. Силната независна страна од мене, мојата слаба и ранлива страна, секоја страна... се е твое.

Јас ти припаѓам тебе. Не постои душа на планетава која би можела да го заземе твоето место. Никој не би можел да ја допре мојата душа како тебе. Ниту една љубов не би можела да се мери со твојата.

Да, можам да бидам тешка и да бидам мигрена на две нозе, но сакам да те потсетам, дури и во овие денови...

...во случај да не знаеше – ти си ми сѐ!