Потрошувачката кошничка изнесува над 500 евра, а просечната плата е околу 400 - како да се истурка месецот?

Над 500 евра му се потребни на едно четиричлено семејство за да ги покрие само основните трошоци.

Според последните податоци на ССМ, износот на потрошувачката кошница изнесува 32,671 денар во услови кога просечната плата е 24,517 денари.  

Според Статистика, За една година поскапеа поголемиот дел од производите на пазарот. Најголем раст се бележи кај овошјето, цигарите и горивата, но поскапеа и зеленчукот, јајцата, месото, млекото, рибата.... Просечната цена е повисока и на велосипедите, туристичките аранжмани, мебелот...

Според податоците на ССМ, дури 73 отсто од домашниот буџет месечно одат за храна и домување, а само 5 проценти се трошат за култура и одржување на здравјето.

За една година цените паднале кај пекарските производи, житарките, преработки од месо, безалкохолни пијалаци... Но и на авионските карти, обувки, телефони и ИТ опрема...