Во полиција е пријавено дека непознат сторител потпалил штала во Драчево.

Вчера во 14,10 часот од страна на дежурен од Бригадата за против пожарна заштита било пријавено дека во населба Драчево во дворното место на Б.Ф (1942) од ул.„Герника“, од непознати причини била опожарена шталата во која имало добиток, 2 кубни метри дрва, мотор за вода „Томос“ и 1 мотокултиватор.

 Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.