Потегот на ова детенце го освои Кирил Лазаров (фото)

Можеби користел Google translate, ама се потрудил и заслужи подарок од нашиот најдобар ракометар.

Момчето испрати пишана порака до Кирил Лазаров каде го бара неговиот дрес, но поради лошиот превод испадна дека тој бара кошула.

Лазаров фотографијата од момчето ја објави на својот Фејсбук профил и уште еднаш покажа дека освен маестрален спортист е и голем човек.