Постојат жени кои носат светлина во срцето...

На овој свет постојат жени кои не паѓаат на комплименти, кои не веруваат на ласкави зборови. Постојат жени кои не гледаат интерес. Постојат жени кои веруваат во факти. Жени кои носат светлина во срцето.

Тоа се жени кои кога ќе се појават некаде маѓепсуваат сѐ околу себе. Жени кои само посакуваат силна прегратка и цврст стисок на раката. Тоа се жени на чии усни секогаш има насмевка, а страста вибрира во сите нивни сетила. Жени кои ве посакуваат само вас, да бидат ваши кралици. 

Постојат жени кои веруваат дека ако имаме исти соништа, сите врати ни се отворени. Постојат жени кои многупати биле повредени, но и натаму имаат моќ да изберат. Тоа се жени кои веруваат во вредности, вредности кои никогаш не би смееле да се изгубат, а меѓу нив е и достоинството. Постојат жените кои имаат еден страв, страв дека ќе станат како и сите други. Постојат жени кои веруваат дека желбите можат да се остварат. Жените кои веруваат дека сите сеќавања се врежани во нивната кожа. 

Постојат жени кои имаат надеж, презир кон реалноста и храброст да ја променат. Жени кои веруваат дека животот е направен за да сонуваме и дека е направен за љубов. Жени кои веруваат дека и кога животот е суров кон нас, ние треба да му се насмевнеме. Тоа се жени кои знаат дека некои приказни секогаш ќе живеат во нас и дека секогаш ќе ни носат болка, но живеат со таа болка. 

Постојат жени кои живеат опуштено и слободно со тешкиот товар на животот. Жени кои на секој сив и мрачен ден ги покажуваат сите бои кои ги носат во себе. Жените кои кога сѐ околу нас е несигурно и полно со сомнежи, носат сигурност. Тоа се жени кои им се насмевнуваат на луѓето и секогаш се природни. Никогаш не ги кријат своите слабости и не се прават нешто што не се. Тие не се плашат да бидат несовршени, затоа што знаат дека нивните слабости и несовршености се работи кои ги прават уникатни.

Постојат жени кои знаат дека не постои совршенство. Тоа се жени кои знаат дека совршено е само лицето кое се смее!