Постојат жени...

Постојат жени кои не паѓаат на комплименти, кои не веруваат на ласкави зборови...

Постојат жени кои не гледаат и прават работи за интерес...

Постојат жени кои веруваат во факти...

Жени кои живеат на работа на животот со светлина во срцето.

Жени кои кога ќе се појават некаде сјаат и ги маѓепсуваат сите околу себе.

Жени кои од вас сакаат само цврста прегратка и силен стисок на раката.

Жени на чии усни секогаш има насмевка, а страста вибрира во сите сетила.

Жени кои ве сакаат само вас, како да се ваши кралици...

Постојат жени кои веруваат дека ако имаме исти соништа, сите врати се отворени за нас.

Постојат жени кои многупати биле повредени, но и натаму имаат моќ да бираат.

Жени кои веруваат во вредности... Вредности кои никогаш не смеат да бидат изгубени, особено достоинството.

Постојат жени кои имаат само еден страв... Страв да не станат како сите останати.

Постојат жени кои веруваат дека сите желби можат да се остварат.

Жени кои веруваат дека сите сеќавања се врежани на нивната кожа...

Постојат жени кои имаат надеж, презир кон реалноста и храброст да го променат сето тоа...

Жени кои веруваат дека животот е направен за да сонуваме, дека е направен за љубов...

Жени кои веруваат дека и кога животот е суров кон нас, ние треба да му се насмевнуваме...

Жени кои знаат дека некои приказни кои живеат во нас секогаш ќе носат болка, но живеат со нив.

Постојат жени кои живеат опуштено и слободно со тешкиот товар на животот.

Жени кои и кога денот е тмурен и сив, знаат да ги покажат боите кои ги носат во себе...

Жени кои кога сѐ околу нас е несигурно и полно со сомнежи, носат сигурност...

Жени кои им се насмевнуваат на луѓето и секогаш сѐ она што се...

Никогаш не ги кријат своите слабости, не глумат нешто што не се и не се плашат да бидат несовршени... Затоа што знаат дека нивните слабости и несовршености ги прават уникатни...

Жени кои знаат дека совршенство не постои...

Жени кои знаат дека само лицето кое се насмевнува е совршено!