Постојат милион градови во кои можеш да одиш, но само еден во кој можеш да се враќаш

Кантавторот, пејачот и глумецот Ѓорѓе Балашевиќ е познат по своите живописни и искрени песни во кои најчесто се зборува за љубовта. Тој студирал географија, а интересно е тоа што својата прва песна ја напишал додека бил во средно училиште и во неа се зборувало за мувата која постојано се вртела околу неа.

Некои од најпознатите редови на Балашевиќ се:

Постојат милион градови во кои можеш да одиш, но само еден во кој можеш да се враќаш.

Некои победи се добиваат на јуриш!

Кога таа би била снегулка, јас сигурно би бил јануари. И не би можеле да нѐ замислат еден без дург.

И тогаш ќе знае дека е единствената којашто некогаш сум ја сакал. Дека сите други ги сакав со темната страна на срцето. Штедејќи се. Учејќи се како најдобро да ја сакам неа, кога конечно ќе ја најдам.

Очигледно е дека го гледавме светот од различни точки или од истите точки гледавме различни светови?

Чудни се магнетите во нас. Ништо не нѐ привлекува толку добро како одбивањето.

Одеднаш одлучив дека ќе се заљубам. Рака на срце, есен е, но малку сум престар за да чекам само на пролетта.

Таа го прифати секој дел од мене и никогаш не бараше да се променам, а ме промени. Единствената на која навистина ѝ имам кажано како се чувствувам. Не бараше да ја држам како капка вода на дланка. Фактот дека ја сакам ѝ беше сосема доволен.

Млади сте и треба да бидете разочарани. Сега му е времето. Разочарувањето е како да имаш сипаници. Ако не го прележиш во младоста, на постари години може да те убие.

Деновите без неа ми се како црно-бели фотографии од изложба на цвеќиња.

Некој ми кажа дека грешам што чекам работите сами да дојдат, но тоа и не е толку лош систем. Само треба да се чекаат на правото место.

Луѓето се како школки – мораш да отвориш 1000 за да пронајдеш бисер.

Има тишини на кои ги помнам повеќе од најубавите зборови.

Едно е кога копнееж за некој кој е далеку, а сосема е поинаку кога чезнееш за некој кој е крај тебе.

Тешко се будам, а уште потешко престанувам да сонувам.

Кога жените би одлучувале за некои работи, светот би бил поубав. Можеби би имало малку тегнење за коса, озборување и други работи, но дефинитивно не би имало толку крв и зло кои ние мажите ги посадивме.

Треба да се убие време до утре... Добро би ми дошол некој соучесник во тоа злосторство...

Годините различно нѐ менуваат. За некого е важно со кого ќе легне, а за некого е важно со кого ќе се разбуди.

Пријателе, нејзе не ја боли тоа што не може да биде среќна со некој друг. Нејзе ја боли тоа што не може да биде среќна со тебе.

И секогаш остануваа онаа личност за која ќе копнееш целиот живот и оној страв додека ги броиш победите и поразите. Кај некои љубовни приказни секогаш недостасуваат последните страници.