Поставени заштитни столпчиња кај пазарчето во Ченто

За поголема безбедност во сообраќајот, екипите на ЈП „Улици и патишта“ поставија заштитни столпчиња на улицата Маџари кај пазарчето во Ченто во општина Гази Баба. 

Оваа локација долго време беше црна точка во општина Гази Баба, со узурпирани пешачки патеки, а улицата целосно беше закочена од непрописно паркирани возила.

Град Скопје и понатаму нема да толерира узурпација од возила на јавни површини, а во наредниот период на овој потег ќе има засилени инспекциски контроли.