Поставени нови подземни контејнери во општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода во соработка со Град Скопје и ЈП Комунална хигиена продолжува со реализација на проектот за поставување на подземни контејнери.

Во насока на подобрување на животната средина, општина Кисела Вода и во изминатиов период на три нови локации постави подземни контејнери, и тоа во УЗ Драчево на ул. Коперникова, во населба Цветан Димов и на ул. Христо Татрчев во Расадник.

Со цел да се постигне повисок степен на хигиена и избегнување на непријатната миризба досега на шест локации на територијата на општина Кисела Вода се поставени подземни контејнери.

Предходно општина Кисела Вода на три локации постави подземни контејнери на ул. Јанко Мишиќ во Драчево, на ул. 14 Декември и на ул. Михаил Чаков.

Во реализацијата на овој проект и општината учествува со сопствени финансиски средства. Општина Кисела Вода и во иднина ќе продолжи со реализацијата на проектот за поставување на нови подземни контејнери.