Поставени држачи за велосипеди на улицата „Франклин Рузвелт“

По налог на Град Скопје, екипи на ЈП „Улици и патишта“ на неколку локации на улицата „Франклин Рузвелт“ поставија држачи за велосипеди.

На овие локации претходно беа поставени заштитни столпчиња кои во изминатиот период беа искршени.

Со поставените држачи за велосипеди се става крај на непрописно паркираните возила на овој потег и се овозможува непречено движење на пешаците, како и место за оставање на велосипедите.