Поставени 12 уреди за хранење на животните во Бутел

Oпштина Бутел, заедно со „Амос Шелтер“, започна иницијатива да им помогнеме на гладните и бездомни кучиња. Поставени се 12 уреди за хранење на локации што ги предложија граѓани кои секојдневно им даваат да јадат на животните. Доставата на храна ќе се врши секојдневно со цел животните да не бидат гладни во услови кога луѓето седат дома, а поголемиот број од рестораните се затворени.

– Во овој момент има доволно храна, но во иднина секој што сака да ги нахрани кучињата ќе може храната да ја остави во садовите кои се наоѓаат на сите фреквентни локации во населбите на општината. Ова ќе биде една од многуте вакви иницијативи во иднина каде ќе се обидеме да им помогнеме на што е можно повеќе бездомни животни – велат од локалната самоуправа.