Поставен летечки балон во дворот на ООУ „Лазо Ангеловски“

Во дворот на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче денеска беше поставен балон, со цел да се промовираат правата на децата.

Децата имаа можност да се фотографираат со балонот и да испратат пораки до своите непознати другарчиња од другите земји опфатени со проектот „Летаме високо за децата“, поддржан од УНИЦЕФ.

Проектот е почнат во 2013 година и има за цел да посети над 100 земји во светот за да ги промовира правата на децата во целиот свет, да се вклучат во културна размена и разбирање преку размена на разгледници со пораки од деца, како и да им донесе радост на оние што ги посетува – особено на оние деца кои никогаш не виделе летачки балон.