Постарите генерации се сеќаваат многу добро, но што знаат денешните деца за касети?

Постарите генерации многу добро се сеќаваат на касетите. Но, новите генерации, децата воопшти и да не знаат за што се користеле тие и како изгледаат.

Секое време со себе си носи нови технологии. Ако порано се слушало музика на касети, денешните деца немаат претстава што е тоа.  Денешните деца воопшто не знаат како е да седиш со часови и да чекаш да ти почне омилената песна на радио, за ти да ја снимиш на касета.

Никогаш нема да почувствуваат како е, кога ќе се размота лентата па мора со моливче да ја намотуваш.

Луѓето можеле да купат празни аудио касети и на нив да ги снимаат своите омилени песни од радио или пак да прават сопствени музички компилации.

Аудио касетите, долги години ја одржувале својата популарност сé до појавата на дигитанлната музика и пронајдокот на компактиот диск.