За сите на кои сникерс чоколадото им е омилено, ова е неодолив посен десерт од кој ќе ги излижете прстите.

СОСТОЈКИ:

100 мл вода

1 кеса ванилин шеќер

200 гр посно чоколадо за готвење

300 гр кикирики

200 гр бисквити

2 лажици шеќер

ПОДГОТОВКА:

Водата, шеќерот и ванилата се ставаат на оган и се мешаат.

Се додава пола од чоколадото, па бисквити и кикиритки. Измешајте и оставете ја смесата во ладилник.

Направете бомбици и ставете ги неколку часа во ладилник, па извалкајте ги во останатото чоколадо кое ќе го растопите и извалкајте ги во останатите бисквити и кикиритки.