Велат дека на овој ден птиците престануваат да пеат, лисјата на дрвјата престануваат да треперат, а водите во реките престануваат да течат. Според традицијата на трпезата на Бадник треба да има непарен број јадења.

Посна сарма

Состојки:

4 помали кисели зелки 

200 мл масло

4лажици црвен пипер

црн пипер

Фил

500 гр ориз

1 лажиче сол

црн пипер 

300 мл масло

Подготовка:
Оризот, црниот пипер, солта, црвениот пипер и маслото се мешаат заедно.

Се сечат листови од зелката на мали парчиња. 

Се става од филот по неколку зрна ориз и се виткаат, стегнуваат во рака да бидат цврсти. 

На дното од тенџерото се поставуваат листови од зелка и се редат, кога ќе се исполни првиот ред се потура со малку масло, црвен и црн пипер. 

Потоа се реди вториот дел и повторно се потура со масло, црвен и црн пипер. 

Се покрива со листови од зелка и се долева вода, се вари 3-4 саати.

 

Тиква

Состојки:

тиква (големина по ваш избор)

Подготовка:

Тиквата измијте ја со вода, а потоа избришете ја со кујнска хартија. 

Исечете ја на парчиња и извадете ги семките. 

Во плех ставете хартија за печење и наредете ги парчињата тиква. Печете околу еден час на 180 степени.

На здравје!

 

Виткана посна баклава со чоколадо

Состојки:

Баклава

Кори за баклава - 1/2 кг

Мелени ореви и лешници - 200 гр

Сецкани ореви и лешници - 200 гр

Гриз - 200 гр

Бисквити плазма (мелени) - 150 гр

Чоколадо за готвење - 100 гр

Шербет

Шеќер - 850 гр

Вода - 1.1 литар

Ванила - 1 пакетче

Лимон - 1/2

Подготовка:

На 2 кори се витка баклавата, но секоја кора се прска со жешко масло. Филот се тура преку цела кора и се така се додека не се потрошат корите.

Ролатите се редат во плех и се сече на парчиња. Се става во рерна и се пече на 180 степени. Откако ке се испече баклавата се остава да се излади. Изладената баклава се попарува со жежок шербет. Откако убаво ке се впие шербетот, баклавата се прска со растопено чоколадо.

 

Традиционални бадникови колачиња

Состојки:

1 кг. брашно

1 голема супена лажица сув квасец (или 1 коцка свеж квасец)

1 шолја шеќер

1 голема супена лажица масло

¼ мало лажиче сол

1 ванила

вода по потреба

Подготовка:

Од состојките се замесува тесто, кое не треба да биде ни многу меко ниту премногу тврдо. Се прават топчиња и од секое топче се прави тесто во форма на цилиндар. Секој цилиндар, со големина од приближно 10 см. се изработува така што од горниот дел се прави мало топче во форма на глава, која не се одделува од остатокот од тестото, а од другиот дел се дооформува тело, така што главчето и телото се неразделени. 

На средината од телото се ставаат две-три мали чоколадни топчиња или топчиња направени од смеса од локум, шеќер во прав и малку брашно и прехранбена боја (црвена, жолта, зелена и сл.) кои изгледаат како копчиња на телото на колачето. На главчето се ставаат чоколадни очиња, црвено носе и мало усте, така што колачето изгледа како мало бебенце кое всушност го претставува новородениот младенец Христос. 

Колачињата нараснуваат петнаесетина минути, а по потреба и малку подолго, во плехот во кој треба да се печат, а се печат на температура од 250 степени додека да се заруменат.

Овие колачиња традиционално им се делат на дечињата, кои на Бадник ги посетуваат христијанските домови и носејќи пештери со икони во рацете, пеат каланди (божикни песни), објавувајќи им ја на сите радосната вест за Раѓањето на Спасителот Христос. Покрај овие колачиња, домаќинката – христијанка на децата кои ќе го посетуваат нејзиниот дом во навечерието на Божик, им дели костени, ореви, суво овошје и сл.