Посни крофни без јајца и млеко

Убави, лесни и брзи крофни за постот кои се прават без јајца и млеко.

Состојки:

1 кг. брашно 

40 гр. квасец 

3 дл. млака вода 

2 дл. кисела вода 

1 дл. масло 

2 лажички шеќер 

2 кеси ванилин шеќер 

1 кора од лимон (изрендана) 

малку  кора од портокал (изрендана) 

сол

Начин на подготовка:

Во длабока вангла се става квасец, лажичка шеќер и лажица брашно, се меша со малку млака вода и се остава да нарасне квасецот, па се става потоа во него масло, вода, кисела вода, шеќер, рендана кора од лимон и портокал, како и ванилин шеќер и се замесува убаво тесто со брашното. 

Брашното се додава малку по малку, заедно со сол. 

Нека нарасне, па се вадат топки со чаша, се оставаат десетина минути, па се загрева масло на тава и се пржат крофните. 

Се служат со шеќер во прав или џем.