Посна сарма, руска салата, риба и кифлички – домаќинките ги прават последните подготовки за Св.Никола

Денеска поголемиот дел од македонсите домаќинства ја празнуваат славата Св.Никола.

Свети Никола се смета за светец и заштитник на голем број семејства. Некој овој ден го слават како домашна слава, а некои како именден.

На пржени риби денеска мириса речиси секоја куќа. Рибите се број еден на оваа слава, во комбинација со посна сарма, руска салата, кифлички и многу посни ситни колачиња. Секако и по некоја чаша вино или ракија.

Домаќинките со денови се подготуваат за својата слава. Некои си спремаат се дома, а некои си купуваат.

За разлика од порано денеска има голем избор на посна храна и посни јадење кои можат да се подготват и да се сервираат за гостите за слава. Денеска има и посен мајонез и растителен кашкавал и сирење. Домаќинките имаат поголем извор за да можат да зготват нешто вкусно.