Посна неодолива нес торта

СОСТОЈКИ ЗА КОРИ:

100 гр шеќер

100 гр посен маргарин

100 мл вода

1 кесичка нескафе (сварено)

300 гр брашно

1/2 кесичка прашок за печиво

Сите состојки се матат, од добиеното тесто делите три кори (во круг форма), кои ги печете на 220 степени околу 10 минути.

СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ:

700 мл вода

200 гр шеќер

4 кесички нескафе

7 лажици густин

250 гр посен маргарин

300 гр посен шлаг

Шеќерот се вари со водата откако ќе зоврие се додава нескафето.За кратко време на загреаната вода со шеќер и кафе го додаваме густинот.Се меша додека не се згусне на тивок оган.Кремот се лади, а потоа се става маргаринот.Откако филот ќе се направи се мачкаат корите и се украсува  со посен шлаг.