Некогаш нашите стари се лечеле самостојно, ретко одејќи на лекар, а голем дел доживеале длабока старост. Иако денес ги имаме бенефитите на модерната медицина, сепак некогаш можеме да ги испробаме овие совети на нашите баби и дедовци.
Ако ви е затнат носот, капнете малку масло од кантарион.
За течење на носот, настинка и главоболка, измешајте лук и мед и јадете 3 пати дневно.
За превенција на настинки, белиот лук држете го на малку масло а потоа намачкајте на леб.
При првите знаци на настинка, потопете ги нозете во топла вода со крупна морска сол.
За артритис и склероза, јадете повеќе лубеница.
Ишијас - загрејте цигла па ставете ја покрај нозете. Загревајте ги што почесто.
Една јаболка дневно го намалува холестеролот.
Лукот е спас за крвните садови.
Хемороидите поминуваат со секојдневно конзумирање на сок од моркови.
Прополисот измешан со ракија лечи забоболка.
Истријте лимон на стапалата, потоа намачкајте ги со масло и испуканите пети се минато.
Сокот од цвекло го чисти црниот дроб.
Сокот од краставици и моркови го чисти и негува лицето.
Грипот се лечи со чај од липа.
Наместо лекови, земајте по 1 лажица мед наутро.