Последна фаза од реконструкцијата на „Тодор Чангов“ и „Ѓорѓи Капчев“

Реконструкцијата на улиците „Тодор Чангов“ број 20 и „Ѓорѓи Капчев“ број 9  е влезена во последна фаза, што опфаќа асфалтирање на потегот каде што се градеше атмосферска канализација.


Реконструкцијата на улиците во Аеродром, кои се протегаат од булеварот „Февруарски поход“ до Усјанскиот канал, опфаќа промена на целата асфалтна конструкција со санација на пропаднатите места, како и промена на тампонскиот слој.

За оваа реконструкција беа направени измени на проектната документација во тек на градба. Целта беше прилагодување на „Новопроектирана улица 9“ со „улицата „Тодор Чангов“ број 20 во однос на овозможување пристап до подземна гаража и прилагодување на висината на рабниците.

Улиците се во вкупна должина од 1 километар и 240 метри и широчина од шест метри. Вкупната инвестиција за овој проект чини речиси 20 милиони денари, по половина инвестиција со Град Скопје.