После 18 години брак станавме родители и тоа во моментот кога се откажавме –не прашуваат дали детето ни е внуче

Оваа скопјанка веќе е многу блиску до 50 години, но, успеа да почувствува што значи да се биде мајка, да се биде родител.

Борбата за потомство стана секојдневие на денешницата за многу парови, бидејќи поради многу здравствени проблеми и начиниот на живот не можат да добијат бебе.

Оваа жена зад себе имала повеќе спонтани абортуси. Со сопругот потрошила еден куп пари за вештачко оплодување, но се било залудно.

Еден ден среќата им се насмевнала.  Успеала да ја добие улогата како мајка во 48 година од својот живот, а нејзиниот сопруг Марко има 55 години. После 16 години борба, тие станале родители.

-Дури после 16 години лекарите открија што не е во ред. Ми дијагностицираа дека имам “ќелија убиец” која го напаѓа и уништува ембрионот кој е стар само неколку недели. Во 2010 година ние веќе се одлучивме да престанеме со обиди за да станеме родители, бидејќи секој пат кога останував бремена, бременоста завршуваше во 14 недела. Секогаш се надевав, а потоа се разочарував.

Не можев да престанм да плачам секој пат кога ќе ми се случеше тоа. Не можев повеќе да поминувам низ тоа.

Но, 5 години подоцна одлучив самата да си дадам последна шанса и да одам на донација на ембрион во Чешка, во 2015 година.

И тогаш се случи вистинско чудо. Останав бремена и успеав да го родам мојот син Вилијам во 37 недела со царски рез.

18 долги години откако започнавме да работиме за да добиеме бебе.

Денеска често не нарекуваат дека сме му баба и дедо, но ние сме пресреќни што после толку борба и мака добивме наште дете, раскажува таа.

Многу спонтани абортуси и многу потрошени пари. Но, се исплатеше. Не сум веќе млада и не можам да трчам по него, но светот се врти тука. Сега сме совршено семејство, а јас конечно се чувствувам исполнето, додава мајката.