Поскапеа цигарите - за некои 5 денари повеќе

Како што беше најавено, дел од цигарите во Македонија поскапуваат.

Сега кутија LD слим се продава за 5 денари повеќе или за 80 наместо досегашните 75 денари, за што говори и фискалната сметка во прилог.

Веќе беше најавено дека дел од цигарите ќе поскапат за 5, дел за 10 денари.

Пред околу еден месец поскапеа и сите видови на „Бос“ цигари, покачени се за пет денари, „Вест“ меко исто така, „Давидов класик“ и „голд“, исто за пет денари, како и сите видови на цигари „Родео“.

Цигарите од брендот „Давидов шејп“ се покачени за 10 денари.