Поштарите ќе разнесуваат писма со мопеди (фото)

„Македонска пошта“ набави 120 мопеди со комплетна опрема со кои поштарите ќе разнесуваат писма и пакети.

Мопедите се со препознатливата жолта боја на „Македонска пошта“, со странично поставени сандачиња за багаж, прицврстени на задниот дел, во кои може да се пренесуваат пратки со максимална тежина до 30 килограми. Ќе бидат употребувани најчесто за достава на поштенски пратки, пред се' во рурални средини со ридско- планинска конфигурација на терен каде што поштарите поминуваат подолги релации.