Посен рецепт: Торта со ореви и пудинг

Денес за сите оние кои постат имаме спремено рецепт за посна торта со ореви и пудинг.

Подготовка:

Чекор 1: Додајте ги брашното, шеќерот, мелените ореви, прашакот за печиво, маслото и газираната вода во сад за матење и измешајте ги за да добиете рамномерна смеса. Половина од смесата истурете ја во округлата тава за печење и печете на 180 степени 15-20 минути, или додека чепкалката излезе сува. Превртете го печениот пандишпан на чинија, па испечете го и другиот дел. Ние тортата ја направивме со 2 теста, но доколку сакате може да ја направите во повеќе слоеви, со тоа што половина од состојките е мерка за едно тесто.

Чекор 2: За подготовка на филот, најпрво на оган ставете го соиното млеко да се загрее. Ние го подготвивме од соино млеко во прав. Потоа додајте го шеќерот и прашокот за пудинг. Мешајте додека смесата се згусти и сосема на крај додајте го ванила шеќерот.

Чекор 3: Оставете го кремот убаво да се олади. Изматете го убаво маргаринот со шеќерот во прав. Потоа рамномерно измешајте го со оладениот пудинг за да добиете крем. Измелете ги оревите и додајте ги во кремот.

Чекор 4: Време е за редење на тортата. На чинија ставете го првиот пандишпан, одозгора нанесете од филот. Ставете го вториот пандишпан и одозгора целата торта премачкајте ја со остатокот од филот.
По желба, посипете ја тортата со мелени ореви, или декорирајте ја со цели јатки, па оставете ја неколку часа во фрижидер да се спојат состојките.

Чекор 5: Потоа послужете парче во чинија и проверете дали некој од гостите ќе познае дека е посна!
Пријатен апетит.