Рижото со морски плодови

Вака подготвениот ориз со морски плодови претставува многу здрав и хранлив оброк. Може да го подготвите за ручек или вечера, а најдоброто од се е што нема да ви одземе многу време.

Потребно:

  • 300 г ориз (со округло зрно)
  • 200 мл бело вино
  • 400 мл вода
  • 400 г мешани морски плодови
  • 100 грама пченка
  • 3 чешниња лук
  • 1 гранче копар
  • 1 лимон
  • 5 супени лажици сончогледово масло
  • сол и црн бибер по желба

Подготовка:
На 3 лажици загреано масло кратко се пропржува оризот и се залева со водата и со виното. Откако ќе зоврие се намалува на потивок оган и се затвора со капак. Се вари додека не ја впие течноста. Потоа се трга од оган и се остава така затворен 15 минути. Додека оризот се одмара, на масло во тавче се става ситно исечканиот лук се пропржува неколку секунди и потоа се додаваат морските плодови. Водата што ќе ја пуштат плодовите во првата минута од пржењето се истура и се допржуваат уште 4 минути. Потоа во нив се ренда кора од половина лимон, се додава пченката и копарот. Потоа се меша се заедно со оризот и се зачинува со сол и црн пипер. Пред да се послужи јадењето се попрскува со неколку капки лимонов сок.

Добар апетит!