Посебен сообраќаен режим по повод верскиот празник “Успение на Пресвета Богородица“

По повод верскиот празник “Успение на Пресвета Богородица“, чие што духовно чествување, според најавата на МПЦ-ОА ќе се одржи во село Долна Матка, во манастирот “Пресвета Богородица„ СВР Скопје во текот на утрешниот и задутрешниот ден (27.08. и 28.08.) ќе воведе посебен сообраќаен режим во реонот кон манастирскиот комплекс.

Притоа, утре и задутре во периодот од 16,00 часот до 20,00 часот заради очекуваното присуство на поголем број на граѓани СВР Скопје преку надлежните организациски единици на локалниот пат с.Сарај –ХЕЦ “Матка“ ќе воспостави посебен сообраќаен режим на движење на возилата кон манастирскиот комплекс.