Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје

Денеска со почеток во 09.45 часот, во организација на Здружение за спорт и рекреација, ќе се одржи спортско рекреативна трка „Прв до врв“.

Трасата на движење на велосипедската трка ќе биде со почеток од пред Музеј на град Скопје – булеварот „Св.Кирил и Методиј“, лево по булеварот „Св.Климент Охридски“, во продолжение по булеварот „Мајка Тереза“, лево по улицата „Тодор Александров“ и во продолжение по локален пат за Средно Водно до Врв на Водно („Милениумски Крст“).

Трасата на движење на планинарите е со почеток од пред основното училиште „Кочо Рацин“ по козји патеки или по ул.„Тодор Александров“ кон Средно Водно, од Средно Водно кон Врв на Водно („Милениумски Крст“).

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на наведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.