Посебен режим на сообраќајот во Скопје: Пристигнуваат неколку странски делегации, МВР апелира на разбирање

Во периодот од 12 до 13 март (понеделник и вторник), во Скопје ќе пристигнат неколку странски делегации, па Министерството за внатрешни работи ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по дел од сообраќајниците.

Апелираме до граѓаните да покажат разбирање и да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат делегациите.