Посебен е оној кој ќе потроши време да охрабри друга личност во нејзините тешки времиња

Група жаби патувале низ шумата, но две од нив се одвоиле од останатите  и паднале во една длабока дупка.

Кога другите жаби  стигнале и виделе колку длабока била дупката, тие им кажале на паднатите жаби да не се надеваат премногу. Им рекле да се помират со својата смрт. Сепак, двете жаби не сакајќи да се соочат со смртта, скокале со сета своја сила обидувајќи се да излезат од дупката.

Една од жабите по некое време се откажала. Таа паднала на земјата и умрела. Но, другата жаба продолжила да скока колку што можела. Другите жаби кои ја гледале врескале и плескале со рацете велејќи и дека е најдобро да се откаже.

Таа скокала се посилно и посилно и на крајот успеала да излезе од дупката.

Тие ја прашале : „Зарем не нѐ слушаше што ти велевме?“

Жабата им објаснила дека е глува. За целото време додека тие скокале одозгора, таа мислела дека ја охрабруваат.

Поуката е дека нашите зборови имаат големо влијание на другите луѓе. Тие имаат толку голема сила, така што можат да влијаат и на животот,но и смртта на другите луѓе.

Охрабрувачки збор кажан на некоја личност која е на дното, може да ја крене таа личност и да и даде сила да издржи и да не се предава.Од друга страна пак, штетниот збор кажан некому кој е на дното, може да биде кобен, односно дополнително да ја дотолчи таа личност.

Страшна е моќта на зборовите. Огромна, со неверојатна моќ.

Посебен е оној кој ќе потроши време да охрабри друга личност во нејзините тешки времиња. Внимавајте што зборувате. Влевајте живот во луѓето околу вас!

cheap nike air max 90