Посакувам да можев сѐ уште да верувам во љубовта

Посакувам да не научев на потешкиот начин дека луѓето кажуваат многу нешта кои не ги мислат и дека нивните зборови често не ги рефлектираат нивните чувства. Посакувам да не морав да научам дека зборовите не значат ништо кога ги нема делата.

Посакувам да не морав да видам колку многу бракови завршуваат со развод, а колку врски со скршено срце. Дека љубовта сама по себе не е доволна. Да можам да се вратам назад, би се потрудила да не бев толку инволвирана со луѓе кои ги изневеруваа своите сопруги и девојки и луѓе кои постојано лажеа и си заминуваа.

Луѓе кои ме уништија.

Посакувам сѐ уште да имав трпение и волја да верувам во љубовта и да имав нерви за мојот „принц на бел коњ“. Јас не можам веќе да одам на љубовни состаноци, не можам да слушам празни зборови и да верувам на бледи, невистинити приказни. Не можам да чекам некој да одлучи да биде со мене и да трпам некој постојано да си оди и доаѓа. Бидејќи чекањето боли најмногу од сите нешта на светов.

Посакував да не ја разбирав оваа игра толку, да не морав да ја научам на најтешкиот начин. Да не ги знаев правилата или триковите кои сите ги играат. Уморна сум од тоа дека целата љубов е постојана борба за победа. Не сакам љубовта да е игра за мене.

Понекогаш си одам прерано бидејќи се почитувам себеси, бидејќи знам каде одат нештата, бидејќи низ годините научив дека празните зборови не значат ништо. Не сакам просечни работи, не сакам ни големи ветувања кои нема да се исполнат. Сакам само љубов, едноставна, обична, мала – без игри.

Не знам што е полошо – знаењето дека немаш шанса со некоја личност или пак постојаниот напор по секоја цена дека можеби ти си исклучокот, дека нештата ќе успеат овој пат.