Портокалова фаза во Македонија - доаѓа многу дожд

Облачно и свежо со врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Пообилни врнежи ќе има во јужните и западните делови од земјава, каде се очекува да наврнат околу 50 л/м 2 . Ќе дува слаб до умерен источен и југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.

Обилни врнежи од дожд ќе има и утре, повторно особено во јужните и западните делови од земјава. Потоа од петок ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Температурата во постепен благ пораст.