Пороен дожд и град попладне, УХМР со вонредно предупредување

Управата за хидрометеролошки работи издаде вонредно предупредување. Во него се вели дека денес во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на недреме со појава на град.

И утре во попладневните часови ќе се задржи нестабилно време со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Потоа следува период на стабилно и сончево време, во петок и за време на викендот со умерен до засилен северен ветер.