Порано децата си играа фризерки, доктори, продавачи, а денес се дечко и девојка, дури и љубовници

Дете си е дете. Исто и пред 100 години, исти и сега. Како одат годините напред, според околностите и средината во која се живее, така тоа се менува и се формира како личност.

Сега се вели дека денешните деца се многу напредни, паметни, итри за разлика од порано. Тука се наметнува прашањето, дали навистината е така, или пак децата само ги копираат родителите и возрасните кои се во неговата близина.

Ако поминете само еден ден во градинка дружејќи се со дечињата од 3 до 5 години ќе се запрепастите, што се нема да слушнете, па на крај ќе си речете „како е можно децата волку да се разликуваат од децата во минатото“.

Порано децата немаа пристап до технологија, освен до телевизорот  преку кој уживаа во Том и Џери рано наутро, во четврток на пладне во народните приказна, Ѕвон, Шек Шек, Дајте музика, Расипан телфон, Во светот на бајките и тоа беше се  ако не се лажам. Сите овие емисии и цртани одеа еднаш во неделата, што значи децата имале дневно по околу еден час резервиран за гледање телевизија.

Денес ни трага ни глас од македонските серии.

Порано децата си играа фризерки, доктори, продавачи, а денес се дечко и девојка, дури и љубовници, се наптреваруваат кој ќе биде поголем јунак. 

Ако ги запрашате што прават откако ќе си отидат дома, внимавајте да не ви падне вилицата:

Ќе ручкам, па ќе си играм со „ајфонот“ на мама па кога ќе се врати тато со неговиот „ајпод“ после гледам „Османче“  ( од Бурни времиња) и ќе спијам“.

Има ли нешто нејасно во оваа реченица: Ајфон, ајпад, турска серија ?

Децата порано немаа мобилен телефони, компјутери... но затоа имавме по една кукла или кола и сиот свет на фантазијата се вртеше околу нив. Бевме доктори, продавачи, фризери и секогаш главен лик ни беше таа  ЕДНА кукла, или само една количка.

Ние имаме спомен од омилената кукла која беше херој на нашето детство, а тие немаат ништо бидејќи имаат премногу.

Порано дете од штотуку навршени 3 години не можеше да се слушне како се фали колку куќи и станови има. Денес секое се натпреварува: јас имам две, јас имам куќа и викендица, тато ќе ме земе со новата кола...

„Види ова ми е ново“, а не „слушни ова го научив“ стана најважно за децата.