Порака на денот: Во животот никогаш немој да правиш нешто со сила!

Во животот никогаш немој да правиш нешто со сила.

Понекогаш толку сакаме да добиеме нешто, да ја одржиме врската, да ја добиеме работата, да ги завршиме обврските, да бидеме среќни, што често не забележуваме колку лесно знаеме да форсираме работи кои не се за форсирање.

Од нашата потреба и силна желба да добиеме сѐ одеднаш, без да имаме тронка трпение, пробуваме со сила да направиме работи кои подоцна ни се удираат од глава. 

Животот е да се живее, а не да се форсира. 

За што и да се работи: работа, љубов, пријателства, проекти, спортување, излегување – никогаш немој да правиш нешто со сила, затоа што тоа само ќе ти се одбие од глава и ништо повеќе и ќе завршиш чувствувајќи се празно, тажно и осамено...

За сѐ има време и сѐ ќе си дојде на свое место кога ќе дојде времето за тоа.