Порака на денот: Немој да го затвораш своето срце

Да, има многу неправди на овој свет.
Да, луѓето многу често не се онакви какви што изгледаат.
Да, луѓето ќе те повредат.

После неколку болки и изневерувања, најчесто решаваме да го затвориме нашето срце и да се изолираме од светот.

Иако мислиме дека така најлесно ќе се заштитиме од болка, тоа најверојатно е најлошиот избор кој можеме да го направиме. 

Не дозволувајте неколку расипани јаболка да ве натераат да престанете да јадете јаболка.

Не дозволувајте неколку лоши луѓе да направат да ја изгубите вербата во луѓето. 

Не си го затворајте срцето и не бегајте од среќа. Кога го затворате срцето, не дозволувате тага да влезе во него, но во него не може да влезе ни среќа. 

Животот е да се живее со отворено срце и отворени гради, само така можеме да ги вкусиме убавите работи и да уживаме во животот. 

Лошите луѓе и спомени избледуваат, кога ќе поминат лошите моменти, сфаќате кои луѓе останале покрај вас и нема ништо поубаво од тоа да седите покрај нив и да се смеете на цел глас. Но, тоа може да го направите само ако го отворите вашето срце!

Живејте, смејте се, танцувајте! Отворете го срцето, не го затворајте!