Порака на денот: Не е важно што имаш, туку што внесуваш во животот на другите

Не е важно што имаш, важно е што внесуваш во животот на другите. Не е важно колку пари имаш на сметка, колку квадрати има твојата куќа, не е важно колку бесен автомобил имаш и каква е твојата викендичка.

Важно е што внесуваш во животот на другите, дали мир или немир.

Дали се чувствува напнатост во твојата енергија и дали другите едвај чекаат да побегнат од тебе или со насмевка ти доаѓаат во пресрет за да си направат муабет. Вие одлучувате.

Не е важно што имаш, важно е како им пристапуваш на другите и какви чувства будиш во нив.

Дали се тоа нежни чувства полни со топлина и радост или мачни чувства?

Сетете се на сите моменти кога сте околу луѓето и запрашајте се дали вие би сакале да се дружите со вас или би побегнале?

Запомнете, вие одлучувате!