Порака на денот: Кога губиш време на погрешни работи, не можеш да ја видиш убавината на животот

Денес се разбудивте и прво на што помисливте е нешто негативно. Нели?

Помисливте на тоа колку ви се спие, колку ве мрзи да одите на работа, помисливте на сите непријатни обврски кои ве чекаат во текот на денот.

Зошто секогаш имаме навика да се концентрираме на погрешни работи? Како луѓе, секогаш се фокусираме на неважни ситници кои нема да ги помниме за некоја недела, а не па за некоја година, секогаш сме во некаков грч, некаков стрес не обзема и воопшто не ни размислуваме на нешто друго.

И додека го правиме тоа, ги испуштаме сите убавини кои ги нуди животот. Го испуштаме првото сонце по долгата и сива зима, испуштаме насмевки, пријатни моменти со пријателите, испуштаме нечии мили погледи затоа што постојано нуркаме во телефонот и постојано се муртиме, па немаме време да погледнеме околу нас.

Кога губиш време на погрешни работи, ја пропушташ целата убавина на животот.

Немој да си го правиш тоа! Не си ја убивај среќата и радоста.

Животот е навистина убав, само треба да го погледнеме со радосни очи, а тоа можеме да го направиме само ако престанеме да се фокусираме на негативни работи, лоши вести и недостижни работи кои всушност и не ни се потребни!